Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!

Објавил: Перо Милчин | 8 септември, 2019 11:47

Христијан Мицкоски денеска се искачи на врвот Кораб, највисокиот во нашата преубава Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска на 2764 метри надморска височина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија, пишува на социјалните мрежи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Денеска 8 септември денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото.

Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес.

Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме, пишува Мицкоски.

Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!
Да сте живи и здрави Македонци!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести