Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Објавил: Перо Милчин | 24 април, 2022 7:00

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА: Среќен ВЕЛИГДЕН на сите православни христијани!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во сите храмови на Македонската православна црква, на полноќ беше објавено Воскресението на Исус Христос, а православните верници денеска го слават најголемиот празник – Велигден. Велигден или Воскресение Христово е најважниот верски празник во православниот календар.

Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според месечевиот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб. песах), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок.
Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро).

Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.

Во сите храмови на Македонската православна црква, синоќа на полноќ беше објавено Воскресението на Исус Христос, а православните верници денеска го слават најголемиот празник – Велигден.

На велики Четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсува други јајца. На велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден, Исус бил распнат.

Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат. На велика Сабота Исус веќе умрел.

Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца. Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал.

ТИМОТ НА МАГАЗИН ВИ ГО ЧЕСТИТА НАЈГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН, СО ЖЕЛБА ЗА МНОГУ ЗДРАВЈЕ, МИР И БЛАГОСОСТОЈБА ВО СЕКОЈ ДОМ.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани