среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Заклучно од оваа година овој ден ќе биде посветен на Флојд, чија смрт во Минеаполис при полициско апсење предизвика масовни протести во САД и низ светот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2020 9:18

Хјустон го прогласи 9 јуни за Ден на Џорџ Флојд

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

– Го славиме Џорџ Флојд не затоа што беше совршен, туку затоа што по неговиот последен здив сите ние можеме слободно да дишеме. Затоа јас, градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер, со гордост го прогласувам овој ден за Ден на Џорџ Флојд во Хјустон, напиша Тарнер на Твитер.

46 годишниот Флојд, почина по брутално апсење од страна на полицијата, кога полицаецот Дерек Шовин, сега обвинет за убиството, го притисна со коленото на вратот и го држеше во таа позиција скоро девет минути иако Флојд велеше ддка не може да диши.

Тој е роден во државата Северна Каролина, но израснал и повеќето време живеел во Хјустон, од каде во 2014 година се преселил во Минеаполис.

Неговата насилна смрт предизвика протести против расизмот низ целиот свет, а тој беше погребан вчера во Хјустон.

На комеморацијата, што се одржа завчера во неговиот роден град Хјустон, присуствуваа околу 6.000 луѓе, а погребот ќе се одржи денеска но ќе биде приватен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.