Стекнувањето на основните информации преку конкретни истражувања, односно искуствено научени лекции, се основните предуслови да се осознаат проблемите, но и поголем мотив да се делува во насока на заштитата на животната средина и активно вклучување на младите во сите фази на заштитата. Всушност, во училиште се учи љубовта кон планетата Земја.“

Објавил: Перо Милчин | 22 април, 2021 12:24

Царовска: Во училиште се учи љубовта кон планетата Земја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот настан организиран од Министерството за животна средина, Министерството за образование и наука и Американската амбасада во Скопје,  по повод Денот на планетата Земја – 22 април. На настанот беше најавено повторно активирање на програмата за заштита на животната средина – ГЛОБЕ, а воедно и  промовирано ново издание на Водичот за учители, со цел наставниците во училиштата да го обноват и надградат знаењето поврзано со темата за заштита на животната средина и истото соодветно да го пренесат на ученици. 

Задоволство ми е што повторно заедно со нашите партнери ја активираме програмата за заштита на планетата Земја – ГЛОБЕ во чии рамки наставници кои се веќе обучени како тренери во претходни циклуси на обуки поврзани со темата, сега повторно ќе го обноват своето знаење и ќе го пренесат на нивните колеги, а потоа сите заедно ќе ги едуцираат децата како правилно да се однесуваат кон средината во која живеат и со тоа ќе дадат придонес кон глобалната акција за заштита на Земјата“, рече министерката Царовска. 

Потенцираше дека Македонија посветува сериозно внимание на тоа да оваа тема допре до најмладите и во таа насока истата ќе се интегрира во сите нови наставни програми кои се изработуваат согласно новата Концепција за основно образование, а воедно наставниците покрај активностите за време на наставата, ќе имаат можност и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста кај младите за заштита на животната средина.  

Инаку, во Република Македонија GLOBE програмата започна да се имплементира од 24 август 1998 година и досега се вклучени 29 училишта, односно 15 средни и 14 основни училишта од целата територија на државата.

Оваа Програма нуди можности за децата на училишна возраст да научат повеќе за планетата Земја, да добијат основни информации, да ги идентификуваат ризиците по животната средина, да ги разберат, анализираат и да преземат акција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...