Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев посочи дека без квалитетна работна сила компаниите тешко можат да се борат со пребирливиот европски пазар.

Објавил: Перо Милчин | 23 февруари, 2021 5:54

Царовска: Дури 85 % од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Со јакнење на соработката и довербата помеѓу стручните училишта и реалниот сектор можеме заеднички да создадеме квалитетно средно стручно образование. Во светот овој модел на дуално средно стручно образование дава добри ефекти. 

И нашите компании треба похрабро да влезат во обуките за потребни вештини на учениците. Дебатите се одвиваат успешно, во голем број општини е договорено отворање на 2-3 дуални паралелки. Модуларното средно стручно дава можност за комбинирање во една паралелка на неколку профили”, нагласи Царовска. 

Политиката на стипендирање ќе ја следи уписната политика, ќе се објават огласи за стипендии паралелно со огласите за уписи, со што ќе бидат  мотивирани повеќе ученици да се запишат на бараните профили.

Министерството за образование и наука веќе спроведе анализа во која учествуваа 450 компании од цела држава, од кои дури 85 % искажаа подготвеност да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава.
Стекнувањето на употребливо знаење кај младите е многу значајно и од аспект на зголемување на економскиот потенцијал, и затоа локалните самоуправи се посебно заинтересирани за прераснување на средните стручни училишта во силни генератори на потребни профили на кадри. 

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев посочи дека без квалитетна работна сила компаниите тешко можат да се борат со пребирливиот европски пазар. 

“Доцниме со унапредувањето на средното стручно, и затоа треба сите да соработуваме за да час поскоро добиеме образование што е потребно, не само на Кочани туку и на цела држава”, рече Илијев.

И градочалникот на Виница Ивица Димитров, поздравувајќи ја идејата за поблиска соработка на стручните училишта со бизнис секторот, рече дека очекува и во Виница да има интерес за нови дуални паралелки. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...