Освен Царовска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оди во самоизолација откако остварил контакт со Зекири.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2020 9:35

Царовска и Манчевски во самоизолација, имале контакт со Зекири!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера Мухамед Зекири јавно обелодени дека тој и неговото семејство се заболеи од Ковид-19, утринава вицепремиерката Мила Царовска ја извести јавноста дека поради контакт со него таа од денеска е во самоизолација со цел да ги заштити најблиските.

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот фејсбук профил вчера потврди дека е позитивен на корона вирусот заедно со неговата сопруга и тримесечното бебе. Тој вели дека нема никакви симптоми и дека се чувствува добро!

Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.
На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовска.

Освен Царовска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оди во самоизолација откако остварил контакт со Зекири.

„На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме“, објави Манчевски на фејсбук.

Состанок со заболениот Зекири остварил и советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој исто така замина во самоизолација.

„Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1,5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата“, напиша Забрчанец на фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.