Министерката додаде дека поради условите во кои се наоѓа државата но и светот поради пандемијата со коронавирус, посветено е големо внимание за креирање на платформата з аонлајн учење, со цел учениците да добијат квалчитет и знаење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 9:44

Царовска: Онлајн учењето ќе биде едноставно и ефикасно, и за учениците и за наставниците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција ја претстави националната платформа за онлајн учење, која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година и воедно потенцираше дека ќе биде добра замена за досегашното традиционално учење.

Министерката додаде дека поради условите во кои се наоѓа државата но и светот поради пандемијата со коронавирус, посветено е големо внимание за креирање на платформата з аонлајн учење, со цел учениците да добијат квалчитет и знаење.

– Силно се посветивме на креирање платформа за учење од далечина. Таа е влог за модернизација на образованието и алатка што ќе помогне да се задржи квалитетот на образованието и во време на пандемија, но ќе биде корисна и во иднина. Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им помагаат на своите деца при учењето. Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и на креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подобра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Во своето обраќање премиерот Заев истакна дека всушност пандемијата не научи дека е потребен добар образовен систем.

– Пандемијата покажа дека треба многу да научиме за планирањето на инвестициите во образованието и колку е тоа важно за сите нас. Пандемијата ни покажа дека ни е потребен добар образовен систем и дека треба да работиме на негова дигитализација. За првпат со домашни ресурси и експерти подготвивме национална платформа за онлајн учење. Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и јас сум убеден дека ќе ја засакаат сите. Пет јазици – македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик. Квалитетно и иновативно образование по мера на секого е една од нашите основни цели. Давам безрезервна поддршка за имплементација на овој процес. Посветено ќе работиме на реформи во образованието – изјави премиерот Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.