Со инвестицијата од 5 милиони денари опремени се новите клинички сали сместени на три катедри, со што студентите добиваат соодветни услови за успешно спроведување на клиничките вежби.

Објавил: Перо Милчин | 29 март, 2021 17:33

Царовска: Со континуирани инвестиции се гради квалитетно високо образование

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само континуитет на инвестиции во образованието може да донесе квалитетно образование. Ова е посебно значајно во високото образование, каде што од една страна студентите имаат можност својата пракса да ја извршуваат во соодветни и модерни услови, а од друга страна, условите за работа на професорите се навистина соодветни на нивните потреби, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде е реализирана значајна инвестиција во опрема со средства од буџетот на МОН.

„За прв пат, после многу години, Министерството за образование и наука одвојува средства, решивме да го направиме тоа и директно да му помогнеме на овој факултет да се модернизира. Министерството за образование и наука, заедно со Владата на РСМ и во иднина во континуитет но секако и по план ќе инвестира во високото образование“, изјави Царовска.

Со инвестицијата од 5 милиони денари опремени се новите клинички сали сместени на три катедри, со што студентите добиваат соодветни услови за успешно спроведување на клиничките вежби. 

Деканот на Стоматолошкиот факултет д-р Ќиро Ивановски рече дека управата на Универзитетот, ректорот како и Министерството за образование и наука ги препознале потребите на Факултетот за набавка на современа опрема.  

На Стоматолошкиот факултет повеќе од 20 години не е вложувано во опремата за изведување на практична настава на студентите по стоматологија. За да еден стоматолог биде навистина добро едуциран за да спроведува стоматолошка услуга потребна опрема којашто ќе ги задоволи потребите на едукацијата. Со опремувањето на двете сали, се задоволени потребите за вистинско спроведување на наставата, пред се од практичен аспект, којашто е неопходна за идните стоматолози“, изјави деканот Ивановски. 

Министерството за образование и наука посебно внимание посветува на унапредувањето на науката преку обезбедување на планско, програмско и грантово финансирање.

Наскоро ќе има целосно нов закон за научно истражувачка дејност кој ќе обезбеди повеќе нови бенефиции за научно-истражувачките работници, што е значајно за Стоматолошкиот факултет којшто истовремено изведува и научно-истражувачка дејност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...