Локалната самоуправа на Неготино веќе стапила во контакт со голем дел од компаниите со цел да добие јасна визија каде треба да се движи општината во делот на образованието, рече градоначалникот Делков, укажувајќи дека ваквото предвремено увидување на потребите на биснис секторот ќе даде плод во наредните години.

Објавил: Перо Милчин | 5 февруари, 2021 11:49

Царовска: Со стипендии ќе ги поддржиме стручните профили што ги бара пазарот на труд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието а со политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Кавадарци, каде продолжија   консултациите за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година.

На средбата присуствуваа градоначалниците на Кавадраци и Неготино, Митко Јанчев и Тони Делков, претставници на средните училишта, на локалните компании и на стопанските комори. 

„Овие средби се организираат под мотото ‘Учи паметно, работи стручно’  и со поддршка на Швајцарската амбасада. Идејата е заеднички, преку социјален дијалог, да утврдиме кои се профилите коишто ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година. Досега одржавме три средби, ова е четврта, и тие покажаа дека компаниите имаат потреба да дискутираат и со Министерството и со општините и со средните училишта и дека со модуларното поставување на средното стручно образование може да се направат комбинации за да можат профилите да служат на повеќе компании“, изјави министерката Царовска. 

Со овој начин само го спуштаме дијалогот на локално ниво, за да ги утврдиме потребите и да ги сервисираме, додаде Царовска, посочувајќи дека со воспоставување паралелки со дуално  образование или одреден период од образованието да се поминува во компанија, а одреден во училиште, ќе добиеме квалификувана но и мотивирана работна сила. 

Очекувам на крајот од сите дебати, училиштата до МОН да испратат барања за отворање на профилите коишто биле утврдени на овие средби и тие да станат реалност во наредната училишна година“, изјави министерката. 

Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев рече дека очекува преку дебатите да се согледаат реалните потреби од квалификуван стручен кадар за овој регион, кој ќе кореспондира со потребите на пазарот на трудот. 

„По направените анализи и по завршувањето на овие дебати ќе се добие реална слика за потребите од нови профили на кадри како и потреба да има доквалификување на постоечките во овие гранки од бизнис секторот каде што е потребно. За ова прашање голема е улогата на стопанските комори, кои всушност треба да бидат поврзување на образованието со бизнис секторот“, изјави Јанчев. 

Локалната самоуправа на Неготино веќе стапила во контакт со голем дел од компаниите со цел да добие јасна визија каде треба да се движи општината во делот на образованието, рече градоначалникот Делков, укажувајќи дека ваквото предвремено увидување на потребите на биснис секторот ќе даде плод во наредните години.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...