Ване Цветанов беше дел од тимот на Груевски, потоа се скараа, па стана негов најголем критичар

Објавил: Мате Парлоф | 14 декември, 2018 11:08

Цветанов: “УБК и СЈО ќе ме убијат“?!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Да, се плашам дека ќе ме убијат …, директорот на УБК (Горан Николовски) е генератор на злото“. Ова на ТВ21 го изјави Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, од времето на Груевски, но потоа се скара со него и стана голем поддржувач на Зоран Заев и анти-владините протести.

Гости во дебатата на ТВ21 беа Ване Цветанов, Најчевска и Џабир Дерала, а темата беше СЈО, судовите, примената на правото и политичките пазарења во Македонија. Цветанов кажа дека секој ден оделе на протести за да опстои СЈО, а дека сега е многу разочаран бидејќи СЈО не го исполнило тоа што го ветувало и дека освен објавените 35 случаи од страна на Заев, не отвориле никаков друг поголем случај за незаконити дејствија. Ја спомна и Катица Јанева која му ветувала дека ќе расчисти со делата на Сашо Мијалков како бивш директор на УБК, но дека сега нема ништо од тоа. “Од 2010 година до 2013 година и за време на притворот, па и после тоа помалку се плашев за својот живот и слобода, отколку сега со Горан Николовски на чело на УБК и составот дуо-трио Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска од СЈО. Јас искрено се плашам од мојата безбедност денеска повеќе од овие луѓе монструми по мене, отколку тогаш“, рече Ване Цветанов. 

Џабир Дерала го праша Цветанов: Се плашиш дека ќе те убиијат?

Цветанов: Да!

Дерала прецизираше: Од луѓето кои ги спомена?

Цветанов децидно одговори: Да! УБК заедно во конструкција со овие.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.