На оваа Евровизија како што вели Мимоза, конечно испративме целосна приказна, која ја раскажавме од почеток до крај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 10:37

Цела Европа ги виде Илина и Мимоза: Ова е приказната за фотографијата на видеобимот зад Тамара

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Женски Магазин

Мимоза Петревска Георгиева, мајката на петнаесетгодишната Илина која има Даунов синдром за Женски магазин откри што всушност стои зад фотографијата на видеобимот која се појави додека нашата претставничка Тамара Тодевска настапуваше на Евровизија.

Мимоза Петрова Георгиева и нејзината ќерка Илина

Пресреќна сум што фотографијата фантатстично се вклопи во пораката на песната – биди горда со она што си! Не давај никој да ти ги сосече крилјата!, раскажува за „Женски Магазин“ Мимоза Петревска Георгиева, мајка на Илина (15) која има Даунов синдром.

На оваа Евровизија како што вели Мимоза, конечно испративме целосна приказна, која ја раскажавме од почеток до крај, а Европа ја прочита пораката. Текстот и песната на Тамара беа толку моќни што не можеше да не се забележат и да бидат наградени како што беше во случајот. Песната носи конкретна порака и, за разлика од сите претходни години, годинава можевме да се пофалиме и со ефективен сценски настап.

Мимоза открива дека до сега никогаш не се врзала з апесна на Евровизија, но сега за прв пат тоа се случи. Таа за Женски Магазин во целост ја раскажа приказната поради која всушност и фотографијата се нашла на видеобимот зад Тамара. Целата приказна  може да ја проччитате ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.