На предсамитот на ЕПП, на една маса скоро сите претседатели на држави и премиери на влади од Европа, темата политички азил за политички прогон за Груевски, не е на менито

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 6:11

Цела ЕПП, Меркел, Курц и Јункер молчат за азилот на Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија (ЕПП).

Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата.

Пред Самитот на ЕУ секоја политичка партија се состанува на партиско ниво за координација. На предсамитот на ЕПП беа присутни, меѓу другото, Виктор Орбан, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Андреј Пленковиќ, Себастијан Курц и други.

Јоханес Хан, кој е инаку и потпретседател на ЕПП, изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.

Запрашан дали стравува дека Будимпешта би можела да ја блокира Македонија во делот на судството поради Груевски, Хан изјави дека „очигледно не“.

Имавме состанок неделава во Советот за надворешни работи и потврдено беше дека Македонија е речиси водечка земја во процесот на проширување во регионот. – рече Хан.

На влезот на предсамитот на ЕПП ги кандидатот на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер беше запрашан, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема.

Виктор Орбан и Себастијан Курц, исто така, одбија да одговорат на прашањето.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е запознаен со овој случај, но дека „за сега не сме расправале за тоа“, без да даде повеќе детали за тоа дали темата воопшто ќе дојде на дневен ред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...