Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи вчера попладне и потврди дека има корона, исто како и нејзиниот син Вељко. Фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2020 10:51

ЦЕЛА ЕСТРАДА НА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС: Еве кој се е заразен, кој чека резултати и кој присуствуваше на забава кај Цеца!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs/blic

Угледните гости од двете големи ВИП забави во Белград минатата недела, вчера започнаа масовно тестирање на вирусот корона, откако беше утврдено дека Цеца и Вељко го имаат.

За кој знаеме дека има корона?

Водителката Душица Јаковлевиќ сè уште не демантирала ниту потврдила дека го има вирусот корона, иако со денови се шпекулира дека е позитивна, па вестите одекнаа во јавноста како бомба.

Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи вчера попладне и потврди дека има корона, исто како и нејзиниот син Вељко. Фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

Кој чека резултати?

Јована Јоксимовиќ излезе во јавноста и рече дека, штом ќе ги добие резултатите, ќе ја информира јавноста. Миа Борисављевиќ изјави дека денес ќе знае дали е заразена, а Богдана Ражнатовиќ, како и нејзиниот син Жељко, ќе ги дознаат резултатите денес.

Цеца и нејзиниот син Вељко вчера потврдија дека се позитивни на коронавирус…

Кој нема корона?

Анастасија Ражнатовиќ е негативна на коронавирус а тестот го повтори два пати.  Александра Пријовиќ, која беше на забавата на Ражнатовиќ, откри дека е негативна на корона па синоќа се појави пред белградската публика на настап во еден клуб. Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“, потврди дека е негативен на вирусот.

Кој уште беше на забавата?

Меѓу гостите на забавата на Ражнатовиќ беа Сања Ѓорѓевиќ со нејзината ќерка, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Мирко Сијан со Бојана Родиќ, Филип Краинановиќ, Марина Вишковиќ, Маја Беровиќ, Маријана Матеус, Ацо Пејовиќ и неговата сопруга, Милош Надаждин. Горенаведениот Стеван, кој потврди дека има коронаа, бил и на забавата на Миа Борисављевиќ, која исто така собрала познати личности.

Како изгледа поцедурата на тестирање?

Фолк дивата Светлана Ражнатовиќ прво имаше серолошки тест од венска крв, што покажа дека е негативна, потоа направи PCR-тест, што се прави со земање примероци од брисеви од грлото и носот, што покажа дека е позитивна.

Постојат различни тестови за да се потврди присуството на инфекција КОВИД-19. Од Светската здравствена организација се препорачува најрелевантните молекуларни тестови (ПЦР) да се изведат со земање на брис од пациент за кој постои сомневање дека е заразен.

Овој тест може да докаже присуство на коронавирус по само осум дена од моментот на инфекција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.