Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 18:15

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ШОК: Пендаровски скрати затворска казна на мајка-монструм – еве од кои причини!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Цела македонската јавност е во шок од одлуката на актуелниот претседател на земјава. Претседателот Стево Пендаровски ѝ ја скрати затворската казна за шест месеци на Ивана Јангеловска, мајката која беше осудена бидејќи во 2012 година ја задуши свјата тримесечна ќерка со перница, објави „Фокус“.

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник.

Претседателот ја донел одлуката на предлог на Комисијата за помилување. Утврдено било дека убиството било сторено додека мајката била во постпородилна депресија.

За потсетување, дваесет и тригодишна жителка на кичевско Челопеци беше  уапсенаво 2012 година поради убиство на нејзиното но бебе.

Како што соопшти полицијата, станува збор за И.Ј., која во на 29 јуни 2012 година  со перница ја задушила сопствената двомесечна ќерка. Убиството го извршила во спалната соба по претходна кавга со невенчаниот сопруг. Таа влегла во собата и ставила перница врз главата на бебето. Следниот ден, без да биде пријавен случајот во полиција, бебето било погребено на селските гробишта. Инаку, пред да го убие бебето таа испратила неколку СМС-пораки со кои на сопругот и на сестра си им рекла дека не можела повеќе да издржи и дека ќе го убие бебето.

Таа пред убиството се обидела се самоубиескокајќи од вториот кат на семејната куќа, но завршила со неколку искршеници. Кичевчанката пред полицијата признала дека го задушила бебето и рекла дека тоа го направила во моменти на силно нервно растројство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести