Како што информираат од Секторот за внатрешни работи - Тетово, вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.

Објавил: Весна Петровска | 21 мај, 2019 16:07

Цела Македонија во шок: Шест годишно дете исчезна додека се лулало на детско игралиште

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Никој не насетувал дека обичната прошетка во детскиот парк во Тетово ќе биде фатална за еден родител од Тетово, неговото шестгодишно дете исчезнало додека се лулало на детското игралиште.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи – Тетово, вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.

– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Таткото  во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.

– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.

Полицијата ги превзема сите мерки за потрага по шестгодишното детенце.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...