Тој дури доаѓа во нотарската канцеларија за да побара копија од договорот, но оттаму му кажуваат дека таков договор воопшто не е склучен.

Објавил: Весна Петровска | 19 септември, 2019 19:49

Целиот врв на СДСМ му се пријателчиња: Активист на СДСМ со измама набавил возило

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Уште една измама која ја дрма македонската јавност, Нетпрес открива дека активист на СДСМ направил измама и набави возило и тоа овој активист е близок до целиот врв на владејачката партија.

Нафи Абдиоски -Полат од Патишка река- Скопско, кој престојувал како азилант во Исланд во периодот на минатата власт, бидејќи наводно бил психички малтретиран како политички неистомисленик, по враќањето во Македонија е фатен во измама, пишува Нетпрес.

 

За него во полиција има пријава дека направил измама при купување на автомобил, кој воопшто не го исплатил на сопственикот, правејќи измама и со купопродажниот договор.

Имено, на 18 септември годинава, Д.Ј од кривопаланечко, пријавил дека на 11 септември, по претходен телефонски разговор се сретнал со Абдиоски, на Железничката станица во Скопје, за да договорат купопродажба на автомобил „сузуки гранд витара“ со бугарски регистарски таблици, сопственост на сестрата на пријавителот. Откако се договориле, отишле на нотар каде што Нафи посочил купопродажбата да се направи на име на неговата сопруга, но и да не се стави реалната сума во купопродажниот договор. Иако Д.Ј инсистирал во договорот да биде запишано дека возилото се продава за 6.000 евра, Абдиоски му кажал дека во Скопје работите се правеле поинаку, па во договорот се ставала некоја најниската сума. Освен тоа, Абдиоски му кажал на Д.Ј. да го потпише договорот, а неговата сопруга ќе дошла подоцна дента, бидејќи работела во близина на нотарската канцеларија, односно била службеничка во полициската станица Бит Пазар. Д.Ј. се согласил на тоа. Подоцна неговата сестра забележала дека новиот сопственик на возилото на нејзината сметка не префрлил пари за купениот автомобил.

Д.Ј. од тој ден, до 18 септември во неколку телефонски разговори со Абдиоски му ги бара парите за продаденото возило, но безуспешно.

Тој дури доаѓа во нотарската канцеларија за да побара копија од договорот, но оттаму му кажуваат дека таков договор воопшто не е склучен.

Абдиоски е и медиумски познат на јавноста од времето кога ја обвинуваше претходната власт за политички прогон.

Тој пред две години изјави: „Избегав бидејќи бев психички малтретиран од власта, сѐ ми земаа и немав повеќе каде. Ги земав децата и сопругата и побарав спас во Исланд“.

Услов за азилот во Исланд бил тој да се врати во Македонија, кога ќе се смени власта, како што објаснуваше тој во интервју за еден медиум во 2017 година.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести