Повеќе нема доцнењена исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јануари, 2021 18:14

Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии.

Повеќе нема доцнењена исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото. 

Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – тримесечни износи кои им следуваа за 2020 година.

Оваа воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, атоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и гооствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето. 

Раководството на МОН уверува дека унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжи да биде еден од приоритетите и во новата година.

Буџетот за оваа намена е креиран согласно реалните потреби на младите, на учениците и студентите и во насока на нивна стимулација за постигнување што поголеми и подобри резултати во текот на образованието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...