За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент. За задоволни пациенти и здравствени работници, вели Филипче!

Објавил: Владо Марин | 13 јуни, 2020 13:11

Целосно реновиран објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина. Ова е дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници, вели ми министерот за Здравство, Венко Филипче!

За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент. За задоволни пациенти и здравствени работници, вели Филипче!

Ова е дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници, вели ми министерот за Здравство, Венко Филипче!

Министерот објави дека и по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски: родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести