„Врховниот лидер Ким Јонг-ун им се заблагодари на работниците кои искрено и со сето срце придонесоа за создавање на градот Самјонг“, пишува весникот, не прецизирајќи, меѓутоа, детали за тоа кога е испратено писмото и каде се наоѓа Ким.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2020 10:38

ЦЕЛ СВЕТ МИСЛИ ДЕКА Е НА СМРТНА ПОСТЕЛА А ТОЈ ПИШУВА ПИСМА: Еве на кој лидерот на Северна Кореја му се заблагодари!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Додека светот ги следи информациите за здравствениот статус на водачот на Северна Кореја, Ким Jонг-ун и се прашува што се случува во Северна Кореја, државниот весник Родонг Шинмун објави денес дека Ким изразил благодарност до градежните работници кои работат на модернизација на градот Самјонг, пренесува ТАС С. .

„Врховниот лидер Ким Јонг-ун им се заблагодари на работниците кои искрено и со сето срце придонесоа за создавање на градот Самјонг“, пишува весникот, не прецизирајќи, меѓутоа, детали за тоа кога е испратено писмото и каде се наоѓа Ким.

Во градот е роден таткото на Ким, Ким Јонг-ил, кој управуваше со земјата пред него.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Ким поминал низ кардиоваскуларна операција и по не успешниот зафат тој е во „вегетативна состојба“, но тие информации не се официјално потврдени.

Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста од 11 април, кога тој одржа состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја.

Исто така, Ким Јонг-ун не присуствуваше на церемонијата на 15 април, по повод одбележувањето на роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.