Димитров: Без разлика на цензусот, договорот со Грција секако ќе оди во Собрание

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 15:43

Цензусот дефинитивно нема да се почитува, предвид ќе се земе бројот на оние што ќе излезат „за“ договорот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров откри дека на рефередумот на 30 септември цензусот нема да биде земен во предвид и дека Договорот со Грција секако ќе оди на имплeментација во Собрание.

На денешната прес конференција тој со картони на кои беа испишани членови на Договорот од Преспа нагласуваше дека договорот секако ќе оди во Собрание.

При тоа, она што е најважно дека цензусот дефинитивно нема да се почитува и дека во предвид ќе се земе бројот на оние што ќе излезат на гласање и ќе гласаат „за“ договорот. Сепак тој не сакаше да каже која е таа бројка на гласачи што треба да излезат и дека во предвид ќе се земаат гласачите кои гласаат на парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести