Пејачката пристигна во градот на пладне, а ја дочекало пријатно изненадување од кое останала без зборови.

Објавил: admin@magazin | 22 септември, 2019 11:51

ЦЕЦА ДОЧЕКАНА ВО ШТИП СО КРЕВЕТ СО МИРИЗЛИВИ РОЗИ: Погледнете го изненадувањето за балканската дива!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Десетици илјади посетители синоќа се забавуваа со песните на големата балканска турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во Штип, на традиционалната општинска манифестација Пастрмајлијада, објави Фокус.

Пејачката пристигна во градот на пладне, а ја дочекало пријатно изненадување од кое останала без зборови.

Имено, актерката од Штипскиот театар Анѓелка Нашкова и приготвила интересен дочек во хотелот каде што престојувала.

Се работи за елитниот Урбаниста – Бутик хотел, чиј сопственик е сопругот на Анѓелка, Кирил, а актерката со цел да остават добар впечаток кај ѕвездата, но и да и покажат дека им е голема чест што им е гостинка, целата соба ја прекрила со листови од миризливи рози.

Пејачката пристигна во градот на пладне, а ја дочекало пријатно изненадување од кое останала без зборови. Фото: Фокус

На креветот, на подот, но и на црвениот тепих низ ходникот по кој што поминала Ражнатовиќ. Покрај листовите од рози, на креветот за добредојде и оставиле и голем букет, како и украсна кутија со Рафаело бомбици.

Цеца беше многу љубезна, пријатно се изненади од романтичниот дочек. Воопшто не се однесува како голема ѕвезда, се заблагодари за нашиот однос кон неа, се фотографиравме заедно. Немаше никакви посебни барања, освен што ни кажа дека и треба мир, за да се одмори пред настапот. По настапот за неа приготвивме вечера од менито, и драго ни е што ја угостивме – за ,,Фокус” раскажа сопственикот Кирил Нашков.

Тој вели дека и покрај тоа што нивниот хотел е релативно нов и постои помалку од две години, голем број на познати личности им гостувале.

Кај нив престојувала и фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кога лани со неговиот син и пријатели беше дојден на лов во земјава. Исто така, им гостувале и многу музичари од регионот, како Аца Лукас, Северина, Николија, Раста…

Вечерва, на последната вечер од Пастрмајлијадата ќе настапи Данијела Мартиновиќ, која исто така била сместена во Урбаниста – Бутик хотел.

-Сакаме гостите да си заминат со убави спомени од кај нас, затоа се трудиме да направиме да се чувствуваат пријатно. Малите гестови обично знаат да предизвикаат пријатни чувства, а кога посетителите ни се задоволни, задоволни сме и ние – ни изјавија од хотелот.
Ова беше второ гостување на Цеца во Штип на Пастрмајлијадата. Таа беше главна музичка гостинка и пред четири години на истата манифестација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.