Секако радосната вест со солзи ја примија тетката Анастасија и свекрвата Цеца. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 ноември, 2019 12:03

Цеца и Анастасија дознаа дека ќе добијат внук- еве како реагирале на радосната вест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на балканската звезда Цеца, Вељко и неговата сега веќе сопруга Богдана Родиќ, пред неколку дена се заколнаа на вечна љубов во храмот Св. Сава во Белград, а за неколку месеци за прв пат ќе постанат родители. Тие вчера ја објавија пред јавноста веста дека ќе се роди малиот Жељко Ражнатовиќ, односно дека Богдана носи машко дете.

Вељко и Богдана се венчаа во неделата

Секако радосната вест со солзи ја примија тетката Анастасија и свекрвата Цеца. 

„Цеца и Анастасија дознаа за прекрасната вест по телефон. Цеца од среќа вреснала, а Вељко викал: „Машко е, мамо! Боца ќе го роди малиот Жељко!“ а потоа Анастасија го земала телефонот, и прва им честитала на идните родители:

„Честитки, драги мои родители! Тато сигурно нè гледа некаде одозгора и тој е горд! Бакни ми ја Богдана!“ – рекла Анастасија, открива извор близок на семејството.

Извор близок на семејството за српските медиуми открива дека Богдана била изложена на многу напор околу организацијата па морала да направи рутински преглед, и да провери дали е се во ред со бебето. 

„Бидејќи Богдана  беше изложена на напори во деновите пред и за време на свадбата, отишла на редовен преглед за да провери дали е се во ред со бебето што го носи“ – дознал извор близок на семејството Ражнатовиќ.

Вељко и неговата сопруга оваа вест ја дознаа два дена после свадбата.

Имавме различни обичаи, кумот го облекуваше, го бричеше и му ставаше парфем. Кумот е од Кипар, па ги измешавме традициите, но ние сме сите православци. Анастасија плачеше, а јас бев весела. Ме понесе голема емоција. Прекрасно е кога сите се радуваат на нашата среќа, изјави Цеца за медиумите.

Изворот близок на семејството открива дека сите посакувале бебето да биде машко за да го носи иметона покојниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан“.

„Не беше тајна дека ако добие син, младиот Ражнатовиќ ќе го крсти својот наследник по името на неговиот починат татко“ посочил изворот.

Инаку вчера Вељко Ражнатовиќ за медиумите истакна дека решил неговото дете да го носи името на неговиот татко.

„Ќе се роди Жељко Ражнатовиќ по вторпат“ изјави Вељко за Република.рс, односно тие очекуваат син кој ќе го крстат по неговиот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.