Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.

Објавил: Владо Марин | 24 септември, 2020 20:44

Цигарите повторно поскапуваат- кутиите до крајот на годината стануваат двојазични

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања ќе мора да имаат 20 цигари.

Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.

Исто така, на амбалажата освен на македонски јазик, текстот ќе биде испишан и на албански, односно на писмото кое го употребуваат најмалку 20 отсто од населението.

Во светот има милијарда пушачи, односно една седмина од вкупната популација. Секоја минута се палат 11 милиони цигари, а десет луѓе дневно умираат поради оваа навика, информира Светската здравствена организација.

Владите на многу земји вовеле забрани за пушењето, особено на јавни места. Основната причина за воведувањето на овие забрани се негативните ефекти кои пасивниот чад ги има врз здравјето. Законите се разликуваат во различни земји и области.

Во некои земји кутиите од цигарите содржат пораки за предупредување за здравјето. Најпрво започнала Америка, а потоа следеле и Канада, речиси цела Европа, Австралија, Индија, Хонгконг и Сингапур. Во декември, 2000 година, Канада прва употребила слики во предупредувањата на цигарите.

На крајот на декември, истата година, нова регулатива од Отава била да се зголеми големината на предупредувањето и да покрива ¾ од кутијата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести