Температурите на воздухот ќе бележат опаѓање

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2019 10:33

Циклонот доаѓа кон Скопје, невремето започна во дел од градовите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Циклонот „Кристијан“ кој се формираше ширум Европа во текот на следниот период ќе услови крај на сушата во Македонија а со тоа и стишување на пожарите кој периодов и тоа како ја зафатија државава.

Тој за време на викендот ќе услови зачестување на врнежите иако во сабота сеуште ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локални по карактер. Меѓутоа од недела доцна попладне и навечер истите ќе се интензивираат и прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни па така ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Ќе дува умерен, на повеќе места и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина од над 60 км/час додека пак на високите планини ќе има врнежи од снег.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа за околу 7 до 10 степени.

Времето во Македонија денеска облачно и врнежливо, а така ќе биде се до вторник. Се очекуваат и силен ветер и грмежи.

Како што претходно најавија метеоролозите почнувајки од денеска па натака кон подрачјето на Македонија се приближува нова ЦИКЛОНСКА активност што ќе ни ја донесе и новата промена на временската состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.