Најново метео

Објавил: admin@magazin | 27 ноември, 2021 10:08

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР! ВО ВТОРНИК УСЛОВИ ЗА СНЕГ И НА НЕКОИ МЕСТА СО ПОМАЛА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА!

Фото/Текст извор: ©магазин

Под влијание на влажен воздушен бран и циклонска активност со центар над Италија, времето во Македонија за време на овој викенд ќе биде променливо облачно, особено во западните предели со повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, додека утре доцна попладне и навечер истите ќе се прошират на повеќе места.

Ќе има услови и за локална нестабилност, особено на запад и проследена со пороен дожд и со појава на грмежи, додека на високите планини ќе има повремени врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Истиот повремено на некои места ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час).

Поради јужното воздушно струење, овој викенд температурите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Вкупното количество на воден талог во западните предели во следниот период ќе надминува 50 л/м2.

Поголемо заладување на времето се очекува ќе има во почетокот на следната недела, односно во вторник, кога услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска визочина. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...