Премиерот на Грција на 8-ми септември ќе се соочи со досега најголемите политички но и синдикални протести што ги видел Солун

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 9:49

Ципрас во Солун ќе биде пречекан со протести против Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Протести против Договорот од Преспа организираат здруженијата од грчката дијаспора и “Комитетот за борба за Македонија” на 8-ми септември односно на денот кога свечено ќе биде отворен 83-тиот Меѓународен саем во Солун а каде свое обраќање ќе има грчкиот премиер.

На 8-ми септември во Солун нема кој нема да протестира против Владата на Ципрас.

“На 8-ми септември на Меѓународниот саем во Солун грчкиот народ ќе покаже дека премиерот Алексис Ципрас Министерот за Надворешни работи Никос Коѕијас коалициониот партнер Панос Каменос сите министри од владата и политичарите што го поддржуваат Договорот од Преспа се непожелни во Солун и Македонија бидејќи со договорот го финализираа историскиот криминал што води до поделба на земјата и е против грчкиот народ.” – пишуваат организаторите во нивниот повик преку социјалните мрежи и додаваат дека ако не се поништи Договорот од Преспа “веќе нема да постои слободна Грција” а “со Договорот е потпишана смртта на Македонија и на Грција”.

Паралелно и независно од собирот за “одбрана на Македонија” протест речиси во исто време организираат и синдикатите.

Синдикатот “ПАМЕ” на Комунистичката партија на Грција ги повикува граѓаните да им се придружат и против владината политика но и поради Договорот од Преспа и НАТО.

Двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и јавниот сектор исто така ќе одржат протест но исклучиво поради економската ситуација во земјата со барање да се поништат сите мерки што произлегуваат од меморандумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.