Имено тој на својот Фејсбук профил објави дека со потпишување на договорот било докажано дека еднаш засекогаш  во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2020 18:32

Ципрас две години по Договорот од Преспа: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, па по тој повод се огласи и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас кој е лидер на СИРИЗА.

Имено тој на својот Фејсбук профил објави дека со потпишување на договорот било докажано дека еднаш засекогаш  во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени.

Преспански договор — контроверзен меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.

Ципрас во својата објава на Фејсбук истакна дека „историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа“.

-Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците. Истите оние кои денес говорат со најдобри зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во заживувањето на европската перспектив на Западен Балкан, во најтешкиот момент. Историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа, напиша Ципрас на „Фејсбук“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.