Ципрас ги убедувал солунските бизнисмени дека северниот дел на Грција може да профитира од подобрувањето на односите со Македонија

Објавил: Данаил Михајловски | 29 март, 2019 12:48

Ципрас и Заев во Скопје на бизнис форум, стопанствениците од Солун ги бојкотираат!

Фото/Текст извор: ©магазин

Грчкиот премиер Ципрас на втори април ќе дојде во официјална посета на Македонија, при што ќе има средба со премиерот Заев, а потоа заедно и ќе го отворат бизнис форумот во хотелот “Александар Палас“. Но, стопанската комора од Солун ја одбила поканата на Ципрас и Заев за учество на бизнис форумот, а претседателот на оваа комора Михалис Зорбидис изјави “нема да бидеме дел од бизнис делегацијата во Скопје се додека таа земја го носи името што не и припаѓа“.

За време на средбата со околу 40 стопанственици од Солун, кои Ципрас ги убедуваше да му се придружат во посетата на Скопје, пред зградата на стопанската комора се одржаа протести на кои се извикуваа слоганите “Македонија е грчка“ и “Ципрас предавник“. Ципрас ги убедувал солунските бизнисмени дека северниот дел на Грција може да профитира од подобрувањето на односите со помалиот сосед и дека Грција има шанса уште повеќе да ја зголеми трговската размена во своја корист, но сепак тоа не било доволно убедливо за присутните стопанственици кои му се пожалиле на Ципрас дека грчкото стопанство нема капацитет да инвестира надвор, бидејќи грчката економија е во многу лоша состојба.  

Премиерот Ципрас ќе биде придружуван од министерот за одбрана Евангелос Апостолакис, кој вчера ја повтори неговата теза дека Грција е загрижена од однесувањето на нејзиниот источен сосед, Турција. Министерот Апостолакис смета дека Грција треба да има што поблиска безбедносна соработка со “Северна Македонија“ за да не дозволи во оваа мала земја да доминира интересот на Турција. Според Апостолакис вистинскиот и постојан безбедносен предизвик за грчката држава е Турција, со која Грција има проблеми на дневна основа.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести