Премиерот Ципрас, на седница на Влада, побарал комплетниот министерски кабинет, да даде гаранции, дека нема да поддржат гласање недоверба поради Преспанскиот договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 8:39

Ципрас се плаши дека Владата ќе падне поради Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на Владата.

Со ова воедно Ципрас побарал да се внимава и дека министрите ќе гарантираат дека нема самите да ја турнат владата по повод прашањето за името.

Обраќањето на грчкиот премиер на министерски состанок беше зад затворени врати, а според грчки владини извори, Алексис Ципрас, како централно политичко прашање ја поставил  обединетоста на владата во период кога се видливи резултатите од три и пол годишните напори, бидејќи грчката економија се наоѓа во фаза на закрепнување.

Во овој контекст, според истите извори, Ципрас побарал од сите министри да се обврзат дека нема да помислат да се идентификуваат со напорите на десницата или на радикалната десница да ја турнат влада имајќи го како повод прашањето со името.

Според него вистинската причина на десницата и радикалната десница е желбата да попречи текот на излезот од кризата.

Па така, побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат можната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на владата.

Во обраќањето пред министрите, грчкиот премиер говорел и за економијата и доставениот буџет за следната година во кој не се вклучени кратењата на пензиите и изразил мислење дека грчкиот план ќе биде одобрен од Европската комисија.

На владината седница, Ципрас како приоритет го споменал започнувањето на процесот за уставни измени на почетокот на ноември, врз основа на предлозите од јули 2016 година и заклучоците од националниот дијалог.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.