Грците не постигнаа политички договор, тие од власта на Заев добија продажен договор за името на земјата преку која реализираат над 50% од извозот за Балканот и централна Европа

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 6:54

Ципрас: Со Договорот од Преспа Солун да добие лидерска улога во регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За реализирање на визијата за поинаков Солун, за Солун лидер на Балканот и основна трговска, транспортна, енергетска и економска точка во регионот,  помага и Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со администрацијата на Меѓународниот саем.

Ципрас овогодинешниот саем го карактеризираше како историски, бидејќи е прв во пост меморандумскиот период, а говореше и за визијата, Солун да стане економска и трговска престолнина на Балканот.

Првиот чекор за ова е Солун да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија,  длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција.

Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун“, – рече Алексис Ципрас. 

Со ова се потврдуваат изјавите на бројни политичко но и економски аналитичари дека во интерес на Грција било Скопје што побрзо да го продаде името, затоа што во основа грчката економија на извор на Балканот но и централна Европа се базира на транзит низ државата за која тврдат дека нема име, а се нарекува Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести