Ципрас е меѓупрвите кои муупатија честитки на Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2020 18:59

ЦИПРАС СО ЧЕСТИТКА ДО ЗАЕВ: Благодарение на твоите напори борбата за социјална правда и мир станува посилна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција, на Твитер побрза и пред официјалните резултати веќе му честиташе на Зоран Заев за, како што вели, наводното зајакнување на пораката од „храбрите и прогресивни“ сили што се „бореле“ против национализмот.

„Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион, денеска станува посилна. Порака, не само за Балканот, туку за цела Европа“, напиша Ципрас на Твитер. Ципрас е меѓупрвите кои му упатија честитки на Зоран Заев.

Ципрас му честиташе победа на Зоран Заев…

Инаку Владата предводена од Заев и онаа предводена од Ципрас направија договор за решавање на спорот со името.  Преспанскиот договор, беше потпишан и од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи службениот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести