четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



На дебата посветена на предизвиците од надворешната политика, тој кажа дека не верува во решение за евроинтеграциите набрзо, особено поради преземените обврски со потпишаниот договор во 2017та- формираната историска комисија и пратфатената теза дека Македонија има заедничка историја со Бугарија

Објавил: Мате Парлоф | 27 мај, 2022 16:06

Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата за „заедничка историја“ беше голема грешка

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Јас не тврдам дека и без договорот, Бугарија немаше да стави вето. Но во тој случај барем не ќе можеше да го користи аргументот кој постојано го повторува дека Македонија не ги исполнува превземените договорни обврски. 

Бугарското вето за Македонија најверојатно ќе се повтори и на претстојниот јунски самит, Договорот за добрососедство беше грешка со која се отвори Пандорината кутија и сега односите меѓу двете земји се полоши од претходно- оценува поранешниот Претседател на државата Бранко Црвенковски.

На дебата посветена на предизвиците од надворешната политика, тој кажа дека не верува во решение за евроинтеграциите набрзо, особено поради преземените обврски со потпишаниот договор во 2017та- формираната историска комисија и пратфатената теза дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. За Црвенковски се апсурдни тврдењата дека македонскиот идентитет е зачуван, додека на маса се токму историските настани и личности.

Јас не тврдам дека и без договорот, Бугарија немаше да стави вето. Но во тој случај барем не ќе можеше да го користи аргументот кој постојано го повторува дека Македонија не ги исполнува превземените договорни обврски. Позициите презентирани од страна на официјални претставници на Република Бугарија се такви што не оставаат простор за било каков оптимизам. Да се потсетиме само на изјавата на Претседателот Радев дадена за време на неговата посета на Берлин: „нема да дозволиме македонизмот да влезе во ЕУ.“ Епа ние од „македонизмот“ ниту можеме ниту смееме да се откажеме. – Бранко Црвенковски – поранешен Претседател на Р. Македонија.

Поранешниот шеф на државата решение во спорот гледа само доколку двете страни се согласат на сопствено толкување на сите прашања. Тој упати порака до актуелните политичари да стават крај на праксата за подигање на надежите и очекувањата на македонската јавност. Според него треба јасно да се каже дека блокадата од Бугарија може да потрае подолг временски период и тоа не треба да биде национална трагедија, туку мотив за реформи на целокупниот систем дома. Во меѓувреме, за Црвенковски е прифатлива идејата на Макрон за создавање на Европска политичка заедница како подготовка за преговори на земјите-кандидати.

Да бидеме реални. Како ќе изгледа ЕУ после 10-15 години и како ќе се одрази тоа на процесот на проширување нема да се одлучува во Скопје, Белград, Тирана и Подгорица туку во Брисел и пред се во Париз и Берлин. Оттука сметам дека е неопходно, не напуштајќи ја определбата од највисок приоритет за што е можно побрзо отпочнување на преговрите за придружување со крајна цел- полноправно членство во Унијата, да изготвиме национална стратегија за дејствување и при други можни сценарија со кои би можеле да се соочиме и без наша волја и спротивно на нашите желби.– Бранко Црвенковски – поранешен Претседател на Р. Македонија.

Црвенковски додава дека Македонија треба да посвети повеќе внимание и на стратешкиот дијалог за продлабочување на партнерството со САД во јуни. Смета дека тајмингот не е случан, туку јасна порака од Вашингтон дека во критични моменти, како и во 2008ма година по ветото од Грција, тие и сега стојат зад стабилноста, безбедноста и евроатлантските аспирации на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.