На самиот чин на осамостојување на Македонија, СДСМ, тогашен Сојуз на Комунисти зацрта идеологија државата да е заедница на етнички заедници а не на Македонскиот народ

Објавил: Мартин Попоски | 6 октомври, 2018 10:30

Црвенковски и СДСМ ги одржуваат албанците над 20 отсто 27 години

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од Македонија низ последните 15 години не се иселија Македонци, туку граѓани на Република Македонија и во бројката која се движи од 400 до 600.000 добар дел се етнички албанци.

Како тогаш на избори имаме над 20 отсто излезеност на македонски граѓани со албанска етничка определба? Има ли во Македонија воопшто 20 отсто албанци?

Македонија статистички, по податоци кои се стари 16 години, како Попис на население што е Уставна обврска, не е реализиран од 2002 година, живеат околу 510.00 македонски државјани со албанско етничко потекло, што е пораст за околу 80.000 во период од 10 години од 1991 година кога живееле 430.000 лица кои се декларирале како албански етникум.

Иако не е неговиот избор, зборови кои Црвенковски јавно ги упати на сметка на Заев по изборот за нов претседател на СДСМ во 2013 година, очигледно е дека е идеалниот негов наследник.

Она што во статистиката го нема, е колку државјани а не граѓани со албанско етничко потекло има Македонија.

Имено тоа е истото правно недоразбирање околу избирачкиот список кој се прави врз основ на државјани на Република Македонија а не само на граѓани кои живеат во Република Македонија затоа што било каде и да е во светот, државјанин на Република Македонија е дел од Македонската нација со самото свое постоење.

Така можеби факт е дека во Македонија сме го имале наведениот број граѓани со албанско етничко потекло но мора да се двои дека тоа е збирното население, а не граѓани кои имаат право на глас т.е. наполниле 18 години и можат да го остварат избирачкото право како електорат.

Оттука прашање е колку државјани кои не се во Македонија не се Македонци?

Имено во периодот од 1993 до 1995 година кога СДСМ беше на власт, тогашниот претседател на Владата на Македонија и тогашен претседател на партијата масовно делеше македонски државјанства на жители на Косово кое беше дел од Сојузна Република Југославија.

Цифрата во еден момент надмина и 150.000 државјанства токму онолку колку што од 1994 година за време на изборите на СДСМ им требаа за да го постигнат познатиот број од 25% македонски државјани со албанско етничко потекло кое се манифестираше на изборите во 2002 година.

Факт е дека во период кога ВМРО – ДПМНЕ ги бојкотираше изборите и четири години беше вонпарламентарна политичка партија, СДСМ си го обезбеди верното гласачко тело на т.н. албански електорат кој си го создаде самиот.


Црвенковски и СДСМ секогаш ја имале и дипломатската и финансиската помош од САД само Македонија да стане држава на збир од етнички заедници а не држава на Македонската нација. Архива. Средба на Црвенковски како премиер и Илинка Митрева како министер за надворешни работи со заменик државниот секретар за одбрана на САД, Паул Волфовиц.

Ваквото делување на Црвенковски резултираше со измени во етничкиот состав на државата во целост со што Македонија од земја држава на македонската нација за 2 години стана држава на етнички заедници.

Впрочем тоа беше идеолошкиот предзнак на СДСМ со самото прогласување на независност кога на голема врата се говореше дека Македонија е мултинационална држава а не национална држава на Македонците.

Идејата за размени на територии во самата држава од страна на Црвенковски беше нудена и на поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, со изговор дека источна Македонија ќе остане “чиста”, само ако се дозволи западна да припадне во мнозинско владеење на албанскиот етникум.

Следеа косовската бегалска криза, НАТО бомбардирањето на Србија и конечно обидот на албанците, незадоволни што политиките на СДСМ не ги реализираа со уставни измени, затоа што СДСМ во 1998 година изгуби поради немање поддрша од македонскиот електорат, посегнаа по оружје.

Војната во 2001 година маестрално беше искористена да се направи обид да се заврши операцијата 25+ отсто албанско етничко население со што на изборите во 2002 година СДСМ ја реализира најголемата бројка за победа на избори, точно 495.000 гласачи но на сцената се појавува и политичкото крило на ОНА т.е. УЧК-а проевропски именувано како ДУИ.

Под притисок на ЕУ, САД и НАТО, претходно се врши и општа амнестија со што поранешните команданти на паравоените единици, тетористи кои убиле македонски бранители и цивилно население се здобиваат со право да бидат пратеници и министри.

Црвенковски за време на премиерските мандати но и претседателскиот отворено ја уживал поддршката на ЕУ, најчесто манифестирана преку НАТО воениот сојуз кој секогаш кога имало избори се заканувал со дестабилизација на Македонија. Архива. Средба на Црвенковски со Генералниот Секретар на НАТО Јап де Хоп. 

Се збирно, резултира со замената на Член 7 од Уставот на Република Македонија со фамозниот Амандман V.

Со ова од 2002 и нема попис затоа што во Македонија и нема 20 отсто плус 1 државјанин со албанско етничко потекло. Имено косоварите се веќе одамна на трета генерација и формираат сопствена држава па и немаат голем финансиски интерес да бидат политичка играчка во рацете на албанците од Македонија, додека факт е дека во западна Македонија излезеноста на изборите од 2002 особено од 2006 наваму не е мала, таа е во рамките на цела држава и изнесува не 30 отсто туку 60 до 70 отсто, но процентот е мал затоа што без попис како граѓани се водат лица кои се државјани но веќе три генерации живеат надвор од државата.  

Паниката дека вештачки формираното гласачко тело на албански етникум ќе излезе на виделина беше за малку откриена во 2011 година на Пописот кој беше прекинат и за чие прекинување сеуште нема официјално соопштение а за кој реагираа најмногу силите на САД, ЕУ и НАТО.

Впрочем факт е дека пописната изборна комисија почна да се соочува со податоци дека во западна Македонија во општини каде масовно се користеше Амандман V нема ни 10 отсто албанско етничко население што водеше кон конфликт.

Кон фактот стои и податокот дека пописната комисија си поднесе оставка но на нејзино место беа именувани нови членови, и истата беше предводена од Бујар Османи од ДУИ, што би значело дека ако Пописните резултати оделе во прилог на албанскиот етникум никој немало да го негира Пописот.

Стои и фактот дека “албанизацијата” на Македонија 1994 / 1996 и 2001 / 2002 Црвенковски дебело ја плати. СДСМ иако ги доби изборите доживеа 4 кризни години. СДСМ промени три претседатели на партија, Црвенковски, Шекеринска и Бучковски и три премиери, Црвенковски, Костов и Бучковски. Од СДСМ произлегоа пет политички партии и тоа од најголемите поддржувачи на Црвенковски, како Тито Петковски и Владо Бучковски.  

Зошто ВМРО – ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски го толерирал овој факт, е прашање за Груевски. Она што во 2002 се случи како ефект на експанзија од поддршка на албанци на СДСМ се случи и во 2016 година.

Она што во 2001 / 2002 и 2004 беа Рамковниот Охридски Договор, за терористите тогаш именувани како борци за човекови права, амнестијата, и Референдумот за нова територијална поделба на локалната самоуправа сега се Законот за јазиците и Договорот од Преспа.

Употребата на јазикот и писмото е уредено со Амандман V, но албанскиот етникум не сака да е тоа, тој сака да е нација, што е правен баук затоа што една држава продуцира една нација.

Така со законот за употреба на јазиците само се воведува национална билингвалност а со Договорот од Преспа се воведува Северна Македонија, држава на два народи, Северно Македонскиот и Албанскиот и заедниците на етничките малцинства.

Можеби пред да имаме избори, Пржински договори 4 и 5 дел треба пред се да се изврши ревизија на “активните” реални државјани на Република Македонија а тоа се прави само со статистичката операција Попис на население која се прави пред а не по избори особено кога на маса е негирање на Македонската држава, промена на името, негирање на Македонскиот национален идентитет, јазик, писмо и историја.

Член 7 од Уставот на Република  Македонија беше гарант за негување на правата на етничките заедници кои живеат во државата и затоа тој гласи:

Член 7

Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.

Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.

Но тој е избришан и е воведен Амандманот V кој е донесен во 2001 година и кој го обременува со квантитативна тежина:

1.На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член. Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.

Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.

Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

2.Со овој амандман се заменува членот 7 од Уставот на Република Македонија.

Со Амандман V се деградираат правата на етничките заедници, а не се унапредуваат, затоа што тие се мерат квантитативно а не квалитативно.

И сега и со новата предлог Преамбула во текстот на Уставот за Северна Република Македонија, со што албанците по 27 години добиваат се што посакале, стои:

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање граѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика