Претседателот Иванов од страна на СДСМ е обвинет дека извршил предавство во ОН, забаравајќи дека ист став пред ГС на ОН манифестираа и Срѓан Керим и Бранко Црвенковски

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 7:50

Црвенковски и Шекеринска “пееја друга песна” во 2004 но и 2007 година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на државата Ѓорге Иванов е осуден од власта дека свесно ја води земјата во изолација со отвореното поддржување на бојкотот на референдумот, додека она што го правеше своевремено Црвенковски, за време на референдумот во 2004 година, како да се заборава.

Имено, тогаш, во рамки на кампањата за бојкот на референдумот за задржување на старата територијална организација, Црвенковски отворено учествувал во поддршката за граѓанското изјаснување да не успее.

Ако е успешен референдумот, знам дека Македонија ќе се соочи со неизвесност и ќе загуби драгоцено време. Ќе треба да одлучиме меѓу европската перспектива и балканските предрасуди. – изјавил Бранко Црвенковски, претседател на Македонија, на 8 октомври 2004 година, кога почнувала кампањата за референдумот што се организирал на 7-ми ноември.

Архивите на дневните весници сведочат и за изјавите на сега- актуелната министерка за одбрана. Таа тогаш признавала дека Владата треба да ја информира јавноста за сите придобивки и недостатоци од референдумското изјаснување. Четиринаесет години подоцна, Владата го спроведе референдумот без граѓаните да знаат шти ќе се менува во Уставот.

За вистинска одлука на граѓаните се потребни целосни информации што е обврска и на Владата. – изјавила Радмила Шеќеринска на 14 октомври 2004.

На осуда кај власта наиде и говорот на Иванов пред Генералното Собрание на Обединетите Нации, што е апсурд сам по себе зато што СДСМ години се фали со излагањето на Црвенковски пред ГС на ОН во 2007 година, кога појасни кои сме и што сме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести