Три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 16:45

Црвено месо и млеко за долговечност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Луѓето кои јадат црвено месо и сирење повеќе од препорачаното живеат подолго, објави Дејли телеграф. Резултатите се однесуваат на истражување направено на научниците од Универзитетот Мекмастер во Канада.

Според експертите, три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт за една четвртина. Резултатите од истражувањето се спротивни на препораките на здравствените работници да се ограничуваат полномасните производи.

Луѓето кои јадат повеќе масти обично ги намалуваат јаглехидратите кои никако не се корисни кога се преработени во слатки храни.

Во истражувањето се опфатени 220.000 луѓе.

Резултатите ни покажуваат дека млечните производи и месото се корисни за срцето и за долговечноста. Тоа е спротивно на сегашните здравствени препораки, сумираше д-р Салим Јусуф од тимот. –

Канадските научници не го опфатија пилешкото месо, но други истражувања покажаа дека и тоа ја спречуваат раната смрт на ист начин како и црвеното месо.

Во здравата исхрана треба да има и осум порции овошје и зеленчук дневно и по половина порција јатки и бобинки, потсетија канадските научници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...