Граѓаните се жалеле дека водата е премногу загадена и се шири одвратен мирис.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 13:30

ЦРВЕН АЛАРМ: Во Дубровник забрането капење на плажа поради голема нечистотија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денес на плажата „Риксос Либертас“ во Дубровник е кренато црвено знаме, а со тоа се забранува капење во морето.

Туристите за оваа плажа се жалеле дека водата е премногу загадена и се шири одвратен мирис од водата.

Како што известува порталот „dubrovnik.net“ ова што се случува на оваа плажа не е прв пат да се крене црвено знаме во текот на туристичката сезона.

Просперитетот на градот во текот на историјата се темелел врз основа на поморската трговија, како главен град на поморската Република Дубровник, постигнувајќи висок степен на економски развој, особено за време на 15 и 16 век кој бил единствениот град-држава на источниот дел од Јадранско Море, конкурирајќи на Република Венеција во трговијата. Градот бил еден од седиштата на развојот на српско-хрватскиот јазик и литература, и во градот живееле и твореле голем број на значајни писатели, сликари, математичари, физичари.

За сега повеќе детали за овој случај сѐ уште не се откриваат, но се шпекулира дека загадувањето е последица на сѐ поголемиот број на градби во околината на Јадранот.

Дубровник е град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија.

Според податоците од пописот во 2011 година, Дубровник имал 42.615 жители. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести