Загрепскиот и Карловачкиот регион исто така се под предупредување – жолто, заради поројните врнежи од дожд.

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2019 12:55

Црвен метеоаларм во Хрватска: Бродови не сообраќаат кон островите поради врнежите од дожд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На хрватското крајбрежје, црвен метеоролошки аларм е на сила поради силното невреме, а пред се погодени се западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнерниќ, како и северна, централна и јужна Далмација.

Фериботи и бродови линии што го поврзуваат Сплит со островите, се уште се во прекин и денеска, јавија хрватски медиуми.

Во прекин се и некои линии што ги поврзуваат Ријека, Задар и Дубровник со островите. Загрепскиот и Карловачкиот регион се под предупредување – жолто, заради поројните врнежи од дожд.

Зголемените налети на ветерот во средината Јадранот и во саботата навечер создаваа повеќе метарски бранови, така што сите линии на катамараните кои го поврзуваат Сплит со островите сè уште се во прекин.

Ветерот достигнува брзина и до 80 километри на час во централниот јадрански регион, а во попладневните часови не пловеше линијата Сучурај – Дрвеник – вели Јелена Ивулиќ од агенцијата „Јадролинија“.

Таа рече дека поради зголемените налети на ветерот, траектот на линијата Трогир – Дрвеник Мали – Дрвеник Вели, дури и не испловил.

Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Загреб во текот на поголемиот дел од седмицата, се зголеми водостојот на реката Сава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.