Подгорица и Белград во дипломатска војна

Објавил: Македонка Димкин | 30 ноември, 2020 14:43

Црна Гора нема да ја повлече одлуката за протерување на амбасадорот на Србија!

Фото/Текст извор: ©НОВА МАКЕДОНИЈА

Министерството за надворешни работи на Црна Гора соопшти дека нема да ја повлече одлуката за протерување на амбасадорот на Србија, Владимир Божовиќ.

Тој изјави дека тие биле сериозна држава која кога нешто ќе одлучи ќе стои на тој став а во Србија веднаш откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, Министерството за надворешни работи на Србија го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ, за непожелна личност.

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат за надворешнополитичките можности и односите во регионот, со посебен осврт на неодамнешните настани со Црна Гора. Деновиве Црна Гора и Србија влегоа во дипломатски конфликт поради историско прашање. Министерството за надворешни работи на Црна Гора побара од српскиот амбасадор Владимир Божовиќ да ја напушти земјата откако го прогласи за персона нон грата.
– По подолго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, преку однесувањето и изјавите што се невообичаени и неприфатливи за дипломатските функции, како и по повеќе усни и писмени предупредувања за ваквото однесување, вчера амбасадорот Божовиќ нелегално и нелегитимно го нарече подгоричкото собрание од 1918 г. „ослободувачко“ и „слободна волја“ на црногорскиот народ. Со тоа уште еднаш на најдиректен начин ја омаловажи државата што му даде дипломатско гостопримство – се наведува во соопштението на црногорското МНР.

Црна Гора во 2018 година донесе резолуција за поништување на одлуката на подгоричкото собрание, со која беше укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија припоена кон Кралството Србија и насилно беше детронизиран кралот Никола Петровиќ Његош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...