Објаснето е дека трагичните искуства ширум светот покажуваат дека коронавирусите најмногу страдаат и умираат од недостаток на дисциплина.

Објавил: Перо Милчин | 22 март, 2020 10:32

Црна Гора од вечерва јавно ќе ги објави имињата во самоизолација: Нека сите знаат кого комшијата доведува во опасност!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора од вечерва ќе започне со објавување на идентитетот на лицата во самоизолација, објави Владата на Црна Гора.

„Нека знае секој граѓанин кој неговите соседи и сограѓани го става во опасност“, истакна Координативното тело.

За коронавирусите знаеме долго време. Обично предизвикуваат лесна настинка кај луѓето. Коронавирусите предизвикуваат лесни инфекции на дишните патишта.

Објаснето е дека трагичните искуства ширум светот покажуваат дека коронавирусите најмногу страдаат и умираат од недостаток на дисциплина.

„Затоа никој нема право да ги загрози вас и вашите најблиски заради нивната недисциплина. Задача е сите да бидат дисциплинирани и да ги повикуваат, охрабруваат и предупредуваат другите“, велат од Координативното тело.

Италија денеска го забележа најголемиот број смртни случаи од коронавирусот во само еден ден. Италијанските власти соопштија дека од вирусот во последните 24 часа починале 793 лица а регистрирани биле и 6.557 нови заболени.

Со денешните податоци вкупниот број на заболени во Италија се искачи на 53.578 лица а бројот на починати на 4.825.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.