Во Рожаје од 28 септември е забрането работење на угостителските објекти и домашните посети.

Објавил: Владо Марин | 26 септември, 2020 19:27

ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА КАРАНТИН: Во овие 3 општини нема да смеат да ги напуштаат куќите од 22 до 5 часот наутро

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Никшиќ, Беране и Андријевица, од 28 септември до 12 октомври, забрането е напуштање на станбени згради од 22 до 5 часот наутро, а забранета е и работа на угостителски објекти и домашни посети.

Денес, Институтот за јавно здравје го објави списокот на кумулативна инциденца на КОВИД-19 за локалните самоуправи од 12 до 25 септември, врз основа на што од понеделник ќе се применуваат нови мерки на Националното координативно тело.

Во Рожаје од 28 септември е забрането работење на угостителските објекти и домашните посети.

Во Котор, Будва и Подгорица, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти имаат дозвола да работат до 22 часот, а максимално две лица можат да седат на маси.

Објаснето е дека растојанието од еден метар е задолжително помеѓу столовите на гостите!

Втората фаза од клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, развиена од рускиот истражувачки центар за вирусологија и микробиологија „Вектор“, ќе заврши во периодот од 28 до 30 септември, објави ТАСС.

Ана Попова, директор на Федералната служба за надзор на заштитата на потрошувачите и човечката благосостојба, изјави дека втората фаза од вакцината развиена од центарот „Вектор“ ќе заврши на крајот на септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.