Иако првично беше соопштено дека се работи за 2 тони полицијата на Црна Гора се корегираше во изјавата

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 8:17

Црногорската полиција заплени 20 тони хашиш а уапси 11 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици [ ДЕА ] минатата недела биле запленети 20 тони хашиш со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар соопшти синоќа висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ.

Тој прецизираше дека на 2 август во водите на Италија бил запрен бродот “Ремус” кој пловел под знамето на Панама поради сомнение дека криумчарел хашиш а чиј екипаж бил составен од 11 црногорски државјани кои се уапсени.

Бродот испловил од малото црногорско пристаниште Зеленика кај Херцег Нови и се упатил кон Мароко каде се претпоставува ја натоварил дрогата.

Црногорската полиција во соработка со ДЕА го следала бродот при враќањето а кога им се придружила италијанската полиција пловилото со 20 тони хашиш било запрено во меѓународните води.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.