На 01.09.2019 во ПС Битола е повикан Ж.А. (47), за кој е пријавено дека на 31.08.2019 околу 15.30 часот за време на свадбена свеченост на неговата ќерка пукал од пиштол. З.А. изјавил дека пукал од сигнален пиштол, кој го поседувал без дозвола. Пиштолот е одземен и во координација со ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Објавил: Весна Петровска | 1 септември, 2019 16:53

ЦРН ВИКЕНД ВО МАКЕДОНИЈА: Пукања, убиства, сообраќајки со жртви – еве како поминува викендов

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Инцидентите низ Македонија продолжуваат и овој викенд, полицијата со полни раце работа.

Билтенот на МВР исполнет со пукања, пожари, убиства, сообраќајка со жртви….

На 01.09.2019 во ПС Битола е повикан Ж.А. (47), за кој е пријавено дека на 31.08.2019 околу 15.30 часот за време на свадбена свеченост на неговата ќерка пукал од пиштол. З.А. изјавил дека пукал од сигнален пиштол, кој го поседувал без дозвола. Пиштолот е одземен и во координација со ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2019 во 20.40 часот било пријавено дека на тераса на детска хематологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ настанал пожар. Околу 21.10 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил целосно изгаснат. Во пожарот нема повредени лица.

Денеска во 03.55 часот во СВР Тетово пријавено е дека во Гостивар во стан на ул. Илинденска има повредени лица со повреди од остар предмет. Веднаш се упатени полициски службеници и констатирано е дека повредени се С.Т. (78), Б.Р. (60) и С.Р (54) кои биле пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување на помош, каде С.Т. починала. Во врска со случајот приведен е Ѓ.Д. (46) од Гостивар. Под раководство на јавен обвинител се работи на расчистување на случајот.

На 01.09.2019 во 03.30 часот било пријавено дека во Виница на бул.„Маршал Тито“ настанал пожар во силос во фабрика. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Виница и Кочани се преземаат мерки за гаснење на пожарот. Повредени лица нема.

На 01.09.2019 во 10.40 часот било пријавено дека во атарот на с.Рапеш-Мариово додека Б.Т. и неговата сопруга Ш.Т.(49) се превезувале со трактор со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на местото на настанот. Известен е јавен обвинител.

На 31.08.2019 година околу 10.20 часот во Медицинскиот центар Гостивар бил донесен З.С.(42) од с.Падалиште, гостиварско. Имено, според пријавеното, околу 08.30 часот додека сечел дрва со моторна пила во атар на с.Ќафа, гостиварско, тој се здобил со повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 01.09.2019 во 06.00 часот Д.К.(47) од Скопје пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„Мајаковски“ бил физички нападнат од 17-годишен малолетник и А.Ѓ.(45) од Скопје. Според пријавеното, причина била претходна меѓусебна расправија во врска со недоразбирање околу сообраќајот. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 и чл.12 од ЗППЈРМ.

На 31.08.2019 во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„ Димитрие Чуповски“ по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ј.Р.(18) и 17-годишен малолетник, од една страна, и И.А.(18) и Б.Р.(19), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 31.08.2019 во 15.20 часот Ј.Д.(19) од Крива Паланка пријавил дека на ул.„Лондонска“, над ветробранското стакло од неговото возило „голф“, забележал залутано зрно. Извршен бил увид.

На 31.08.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна. Во 21.30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонската полиција со полни раце работа

На 31.08.2019 во 20.00 часот било пријавено дека во с.Топлица настанал пожар при што опожарена била плевна во сопственост на А.В.(46) од с.Топлица. Во 22.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат. Извршен е увид.

На 01.09.2019 во 03.35 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, пред угостителски објект, С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал. Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди. Во 04.45 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ и приведени. При приведувањето А.М., која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.08.2019 во 21.40 часот било пријавено дека во угостителски објект во Охрид, И.С.(39) од Валандово физички ја нападнал И.Д.(30) од Скопје вработена во објектот. И.С. бил приведен и сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

На 31.08.2019 во 20.40 часот А.И.(36) од Скопје пријавил дека на езерото „Треска“, во с.Сарај, скопско, бил погоден во левата нога од залутано зрно. На А.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била констатирана телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2019 во 07.30 часот било пријавено дека во с.Полаки, кочанско, во опожарено патничко моторно возило „застава југо“ со штипски регистарски ознаки, бил пронајден починат Т.К.(49) од Кочани. Извршен е увид и телото по наредба на јавен обвинител на починатиот било предадено на обдукција.

На 01.09.2019 околу 02,00 часот во Полициската станица Гази Баба Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на улицата “520“ во населбата Керамидница неговите соседи го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање гласна музика и кршење чаши и шишиња на улицата. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и приведени биле четири лица, кои биле под дејство на алкохол и продолжиле со нарушување на јавниот ред и мир. Против нив се поднесени соодветни пријави и околу 06,30 часот биле пуштени да си одат. Околу 12,00 часот во дворот на Д.И. дошле две лица (негови соседи) кои ја турнале В.И.(66) мајка на Д.И. и се обиделе да го нападнат Д.И., но не успеале во намерата. Се работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...