Цен ден во Шведска!

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 декември, 2020 21:16

ЦРН ДЕН ВО ШВЕДСКА: Рекордни 243 смртни случаи и 8.846 нови случаи на корона вирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шведските власти денеска презедоа мерки против вирусот корона, препорачувајќи патниците да носат маски во јавниот превоз за време на сообраќаен метеж, откако скандинавската земја забележа рекорден број на смртни случаи за еден ден – 243.

Ажурирани упатства за маски во земја која упорно го одбиваше воведувањето на рестриктивни мерки во борбата против пандемијата доаѓа само еден ден откако Националната здравствена агенција препорача здравствените работници да носат маски, објави Ројтерс.

Во средата, Шведска регистрираше 8.846 нови случаи на коронавирус и 243 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата, иако здравствената агенција предупреди дека статистичките податоци за време на Божиќ не биле точни поради помалку тестови и доцнења со пријавување на смртни случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.