Познатата изрека „додека има залихи“ предизвикува психолошки притисок кај потрошувачите. Впечатокот дека е нешто ограничено и дека времето истекува, потсвесно создава паника. Продавачите често тоа го прават со непотребните предмети, кои секојдневно најмалку им се трошат, користејќи поволни понуди, кои најчесто се илузија.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 15:55

Црн петок – реален попуст или маркетиншки трик

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Големи попусти утре ширум светот, овој тренд го следи и Македонија, но прашањето веднаш се поставува колку е реален овој попуст во нашата земја.

Познатата изрека „додека има залихи“ предизвикува психолошки притисок кај потрошувачите. Впечатокот дека е нешто ограничено и дека времето истекува, потсвесно создава паника. Продавачите често тоа го прават со непотребните предмети, кои секојдневно најмалку им се трошат, користејќи поволни понуди, кои најчесто се илузија.

Насекаде има реклами дека прозиводите се на голем попуст дури до 70/ 80 посто. Но кога ќе влезете во продавниците се уверувате во суровната вистина дека може да се најдат производи со многу мал попуст. Што секаде во светото, не е така, таму се почитува реалниот попуст.

Но повеќе граѓаните не се наивни и не веруваат многу во овие попусти.

Велат дека трговците најпопуларниот ден за шопинг во светот, го користат како маркетиншки трик за да продадат повеќе производи. На овој ден најмногу се купува облека.

Од друга страна од малопродажните ланци за бела техника тврдат дека има големи намалувања на цените на дел од производите. Задоволни се од посетеноста на денешниот ден.

Иако за граѓаните попустите се нерални, од нив досега никој не се пожалил до Организацијата за заштита на потрошувачи. Но дали има манипулација со цените или не, не може да се докаже затоа што Пазарниот инспекторат подолг временски период нема директор, а на терен скоро и да нема контроли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...