Спортската јавност од фелата на боречки спортови и вештини е згрозена од чинот на доделување високо признание, црн појас на премиерот Заев кој нема спортска историја

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 10:52

Црн појас во џудо за Заев, спортистите гневни на чинот

Фото/Текст извор: ©expres.mk

Џудо Федерацијата на Македонија, му доделила почесен црн појас на премиерот Зоран Заев.

Џудистите и љубителите на овој спорт на социјалните мрежи почнаа веднаш да бараат одговор зошто на премиерот му се дава црн појас кога тој никогаш во животот не тренирал џудо ниту направил нешто за промоција на оваа витешка вештина,

Црниот појас е доделен вчера во присуство на претставници од Амбасадата на Јапонија задолжена за Македонија.

Скандалот да има поголеми димензии говори и фактот дека  Заев не ги удостоил лично џудистите да го прими почесниот црн појас кој на претставник на неговиот кабинет (на фотографијата десно) му го предал Зељул Реџепи, новиот претседател на Џудо Федерацијата на Македонија.

Можеби федерацијата на Реџепи прва ќе добие “ваучер” за спорт од Заев?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести