Во текот на изминатиот ден, во Москва починаа 76 лица, 50 во Дагестан, 20 во московскиот регион и 11 во Санкт Петербург.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 18:03

ЦРН РЕКОРД ВО РУСИЈА: За еден ден од коронавирус починале 232 лица!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Во Русија починале 232 лица од ковид-19 во изминатите 24 часа, што е најголема регистрирана стапка на смртност досега.

Така, вкупниот број на смртни случаи достигна 4.374 лица, беше соопштено денеска на новинарите од Оперативниот штаб за борба против ширење на вирусна инфекција.

Во текот на изминатиот ден, во Москва починаа 76 лица, 50 во Дагестан, 20 во московскиот регион и 11 во Санкт Петербург.

Русите не веруваат во коронавирусот, дури четвртина од граѓаните велат дека вирусот Ковид-19 е измислен поради нечии интереси…

Покрај тоа, претходниот ден, бројот на заразени со вирус во Русија се зголеми за 8.872 случаи во 84 региони, односно вкупно 387.623 во 85 региони. Од нив, 3.380 пациенти (39,4 проценти) немале клинички симптоми на болеста.

Што се однесува до бројот на излечени, за еден ден се излечиле и излегле од болница 8.264 пациенти во Русија, а вкупниот број на излечени е 159.2257, наведува Спутник и потсетува дека градоначалникот на Москва Сергеј Собијанин потпишал указ за продолжување на режимот на самоизолација и други ограничувања во руската престолнина до 14 јуни.

Инаку московското средно економско училиште спроведе истражување меѓу руските граѓани за нивниот став кон коронавирусот. 23% од испитаниците се убедени дека нема епидемија и дека е измислена од одредени луѓе. И 9,6 проценти сметаат дека опасноста е претерана.
Анкетата беше објавена на бројни руски страници во пет фази од 18 март до 26 мај. Повеќе од 30.000 луѓе од сите руски региони, на возраст од 20 до 60 години, одговорија на истражувањето.

Аналитичарите велат дека луѓето кои не веруваат во епидемијата или веруваат дека таа е фабрикувана, се однесуваат драстично поинаку од оние што ја признаваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.