Голем број на пријави за недостапност на Фејсбук се гледаат и на страниците downdetector.com и на други слични страници!

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 октомври, 2021 5:52

Цукерберг изгуби 7 милијарди долари

Фото/Текст извор: ©фокус

Нема детални официјални информации за причините за падот на трите социјални мрежи, Фејсбук, ВатсАп и Инстаграм, но падот засега се припишува со проблемите со ДНС серверите(Domain Name System). DNS-от им овозможува на веб-адресите да ги „однесат“ корисници до посакуваните дестинации.

Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за било какви непријатности, порачаа од Фејсбук. Со слични пораки на Твитер се огласија и од ВатсАп и од Инстаграм.

Голем број на пријави за недостапност на Фејсбук се гледаат и на страниците downdetector.com и на други слични страници.

Проблеми се појавиле и на Твитер

Луѓето околу 21.30 часот почнаа да се жалат и на проблеми на Твитер каде се прелеа најголем дел од сообраќајот од Фејсбук. На downdetector корисниците се жалат како не можат да одговараат на објавите на Твитер и дека одговорите на објавите не им се прикажуваат.

Околу 22 часот на Твитер се јави и Мик Шроефер, шеф на техничкиот оддел на Фејсбук. – Искрено извинување на сите затечени од падот на Фејсбук сервисите. Имаме мрежни потешкотии и нашите тимови работат најбрзо што е можно за да ги поправат проблемите и за да се вратат што е можно повеќе, напиша Шроефер.

Акциите на Фејсбук се во пад за околу 5 отсто. со што пазарната вредност е срушена за повеќе од 50 милијарди долари, јавуваат светските медиуми. Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг за неколку часа падна за речиси 7 милијарди долари, што на ранг листата на најбогати луѓе „го падна“ на петто место, пишува Блумберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.