По пресудата и Митко Чавков се огласи на „Фејсбук“

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2019 16:12

Чавков се огласи преку фејсбук: Казната е драконска, а вилата на Халкидики ја поклонувам

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вчера беше донесена затворска казна од 18 години за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, за собраниските инциденти од 27 април.

По пресудата неговиот адвокат Сашко Дукоски, за медиумите изјави дека не се изненадени од ваквата пресуда затоа што истата ја очекувале. Тој најави дека ќе поднесат жалба до судот во Стразбур за кој верува дека нема да ја прифати оваа висока казна за како што вели дела кои Чавков не ги сторил.

Обвинението го нарече монструозно и неосновано и порача дека казната е драконска.

По пресудата и Митко Чавков се огласи на „Фејсбук“. Тој напиша:

1. Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:
– Монструозно обвинение – неосновано
– Драконска казна
Ги повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.
ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!
2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.
3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.