Оваа серија ги заинтригира гледачите кои веднаш посакаа да се упатат кон Украина и одблиску да ја видат најголемата нуклеарна катастрофа во историјата што ја потресе Европа во осумдесеттите години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 10:24

Чернобил стана вистинска туристичка атракција: Еве колку чини турата за посета на овој град

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По емитувањето на хит серијата Чернобил, на каналите на ХБО, каде се работи за вистинска приказна поврзана со катастрофата која се случи токму на ова место, која важи за најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани кој се случи на 26 април 1986 година во 01:23:40 часот.

Чернобил по несреќата….

Оваа серија ги заинтригира гледачите кои веднаш посакаа да се упатат кон Украина и одблиску да ја видат најголемата нуклеарна катастрофа во историјата што ја потресе Европа во осумдесеттите години.

Доколку сакате да заминете во обиколка треба да одвоите некој денар плус.

Посетата вклучува обиколка на градот Припијат кој е изграден во 1970 година и тоа баш за потребите на работниците од централата, за да може да се сместат со своите семејства. Овој град ги нудел сите услови за живеење- згради, училишта, паркови, ресторани а се наоѓа непосредно до нуклеарната централа.

Кога хаваријата се случила целиот град бил испразнат. Во него се е оставено онака како што останало.Сега градот го чува војската, а пак пристапот до централата е целосно забранет.

Заинтересираните туристи треба да почитуваат строги правила при посетата и тоа правила- движење со водич во група но само во места кои се претходно проверени. Посетителите не смеат да допираат ништо од градот,  или пак да носат дома за спомен. Турата чини од 80 до 130 евра, заинтересираноста е огромна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.