Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил" во Пустец.

Објавил: admin@magazin | 23 април, 2022 18:07

Честитка за Велигден од МД „Илинден” и МАЕИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.

Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.

-Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден” Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.

– Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.

Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...